Wellcast with Josif

by Josif Damjanov

11 years ago I've involved myself in the fitness and wellness industry. My father was diagnosed with prostate cancer, later it transferred to the bones and after couple of years he was diagnosed with Alzheimer's disease. That was the reason why I went on a mission for healthier and happier life. This podcast has a goal to inspire people and help them achieve quality of living.

Podcast episodes

  • Season 3

  • Повреди, болки и операции - како да го намалиш ризикот?

    Повреди, болки и операции - како да го намалиш ризикот?

    Дали знаеш дека ATG тренинзитe ја намалуваат бoлката во телото? Во оваа епизода разговарам со Бојан Диков, тренер во ATGMacedonia, кој ни ги открива предностите на ATG методот на вежбање и како може со овој метод на вежбање да се намалат болките во телото. За оние што се заинтересирани за слабеење, има и таков дел - како се постигнуваат саканите резултати. Дополнително ќе дознаеш и за многу други предности кои ги нуди овој начин на вежбање. Независно дали си физички активен/на или не, дознај како овие методи на вежбање можат да направат голема разлика во твојот живот! Доколку сакаш атлетски градено тело кое што функционира правилно и без болки, тогаш овој систем за вежбање е за тебе. Интересни моменти: [00:00] Вовед [07:13] Што значи ATG? [10:15] Која е разликата меѓу традиционален тренинг и ATG? [18:57] Решавање на болка и повреда [22:17] Седечка работа, последици и решенија [27:17] Проблем со колената кај луѓе што не се спортисти [30:46] Колку стоечката работа придонесува за болки во зглобовите? [34:10] Кои се секојдневните вежби што треба да се прават? [36:45] Флексибилност, мобилност и сила - што подразбира секое? [42:05] Принцип на работа и програми за вежбање на ATG [44:59] Каков е прогресот на луѓето што вежбаат во ATG? [47:00] Која вежба е безбедна за секој човек? [49:00] Проблеми кај луѓе што сакаат да ослабнат [52:05] ATG тренинг наспроти функционални тренинзи - има ли исти резултати? [55:45] Инспиративни приказни на АTGМacedonia Корисни линкови: Бојан Диков на Instagram ATGMacedonia на Instagram ATGMacedonia веб-сајт Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Суплеменити и лекови: знаеме ли што конзумираме?

    Суплеменити и лекови: знаеме ли што конзумираме?

    Се мислиш да додадеш суплементи во исхраната или веќе ги конзумираш? Не знаеш дали се квалитетни и испитани? Тогаш оваа епизода е за тебе! Зборувам со Катерина Гудева, доктор кој се надоградува во областа на базични и клинички испитувања. Денес таа е со нас да ни каже сè што треба да знаеме за суплементи и лекови. Навлегуваме подетално во влијанието и квалитетот на суплементите, како тие стигаат до полиците, дозирањето, нивните активни состојки и многу друго. Во денешното море на информации што ни го пружаат медиумите тешко е да се знае на кој може да се верува. Затоа со Катерина зборуваме зошто е важно да ги погледнете клиничките студии и ти помагаме да разбереш што значат тие. Ислушај го разговорот, биди во тек со истражувањата и направи го најдоброто за своето тело. Интересни моменти: [00:00] Вовед [01:44] Феникс домовите за стари лица [03:09] Претставување: Што работи Катерина? [09:00] Како да утврдите дали продуктот е добар за вас лекови\суплементи? [13:14] Како да се осигурате дека вашите суплементи се квалитетни? [18:38] Колку суплементите влијаат врз резултатите од клиничките испитувања? [21:43] Прекумерна доза на суплементи [22:53] Дали здравите луѓе треба да користат суплементи? [27:00] Како медиумите ги претставуваат суплементите, а како клиничките студии? [34:08] Што се активни состојки? [38:30] Лековите порано и денес [40:28] Како лековите стигаат до полиците и како ги дознаваат негативните ефекти? [43:48] Новости во медицината за мултиплекс склероза, рак… [49:29] Превенција: почни од себе [52:45] Базични наспроти клинички гранки од медицината Корисни линкови: Катерина Гудева на LinkedIn и Instagram Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Катерина Гудева на LinkedIn, Instagram Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Хотел со дополнителни услуги за стари лица

    Хотел со дополнителни услуги за стари лица

    Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од @feniks_domovizastari. Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа добиваат, какво мени имаат (тука Мето сподели информации што и мене ме изненадија) и како им се исполнуваат деновите. Дополнително,  ќе добиеш совети за бирање на соодветен дом за членот од твоето семејство, како и за дневниот центар што функционира во Феникс и бесплатниот пробен период што го нудат.   Интересни моменти: [00:00] Вовед [07:43] Феникс домовите за стари лица [09:42] Предрасуди за домовите за стари лица [15:53] Домот за стари лица како хотел со дополнителни услуги [20:23] Каков тим работи во Феникс и како се грижат за резидентите [21:38] За цените во домовите за стари лица [24:09] Што да се земе предвид кога се бира дом за стари лица? [26:21] Дали има скриени трошоци во Феникс? [28:43] Каква поддршка нудат Феникс за семејствата на резидентите? [30:12] Со какви активности деновите на резидентите во Феникс се постојано интересни? [33:10] За дневниот центар во Феникс и бесплатниот пробен период [37:36] Совети за случаите кога старото лице дава отпор за преселување во домот [39:51] Улогата на психологот и психијатарот во Феникс [41:52] Иновативни технологии во работењето во Феникс [45:28] Разликата меѓу чување старо лице во домашни услови и во старски дом [49:03] Каква храна се нуди на разидентите на Феникс? [51:55] Визијата за Феникс во иднина     Корисни линкови: Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Фитнес мобилна апликација FitKit Здрава храна Coach Foods   Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Женско здравје: RED-S синдром

    Женско здравје: RED-S синдром

    Девојки и жени – дали сте слушнале за RED-S синдромот? Ако активно или професионално се занимавате со спорт, оваа епизода не смеете да ја пропуштите. Зборуваме за влијанието на циклусот на спортските перформанси, прекин на циклусот при пренапорни тренинзи, последиците од ненавременото третирање на овие проблеми и третманите за надминување на истите. На гости ни е Виолета Николов, специјалист гинеколог во клиниката Жан Митрев. Виолета има мисија да ја подигне свеста за овој проблем во женскиот спорт и активно работи на едукација на жените спортистки и нивните тренери. Затоа дури и ако не сте спортски активни, ислушајте го разговорот за да можете некому да помогнете (со информација) доколку забележите некои од знаците што ги посочуваме во разговорот.   Интересни моменти: [00:00] Вовед [04:04] Спортска гинекологија [06:22] Што е тоа RED-S синдром? [10:01] Симптомите на RED-S синдромот – што е првиот знак? [14:03] Каде да се обратам за дијагностицирање на RED-S синдром? [18:11] Колку тренерите знаат за RED-S синдромот? [20:04] Јапонската пливачка што се охрабри да зборува за влијанието на менструацијата на спортските перформанси [21:27] Прекин на циклус при интензивни тренинзи [26:52] Што може да предизвика дефицит на нутриенти при големи напори? [28:22] Разлики меѓу претренираност и RED-S синдромот [29:30] Начин на справување со RED-S синдромот [31:23] Превенцијата е најдобар лек – секоја спортистка треба да се едуцира [33:42] Најлесни знаци за препознавање на претренираност [35:33] Хормонален дисбаланс и физичка активност [41:15] Бременост и физичка активност [43:29] Физичка активност и остеопороза во менопауза [45:33] Полицистични јајници и физичка активност [47:59] Дали за RED-S синдромот се зборува во образованието? [50:12] Има ли гинеколошки прегледи во спортската медицина? [57:08] Препораки за новите генерации на жени спортисти

  • Грижа за очите во модерното дигитално време

    Грижа за очите во модерното дигитално време

    Во денешницава факт е дека доминираат екраните. Веројатно и ти или работиш или поминуваш многу време пред екран. Дали се имаш запрашано што тоа значи за твоите очи? Дали имаш отидено на проверка на видот? Од разговорот со офталмологот Тодор Јаковлевски ќе дознаеш за симптомите на нарушувањата на видот, особено од синдромот на компјутерско око. Ќе научиш како најдобро да ги одмараш очите и кои мерки можеш да ги превземеш за да спречиш понатамошни поголеми проблеми. Епизодава е полна со одлични совети за зачувување на добриот вид. Слушни ја за да можеш да ги примениш. Интересни моменти: [05:22] Колку екраните навистина ги расипуваат очите? [09:33] Поврзаноста на трепкањето со синдромот на суво око [12:18] Солзите и добриот вид [15:58] Капки за очи (вештачки солзи) - препораки [18:57] Синдром на компјутерско око: симптоми и статистика [23:49] Олеснување на симптомите на computer vision синдромот: правилото 20-20-20 [27:39] Исклучување плава светлина на телефонот – зошто е корисно? [30:41] За очилата со филтер за плава светлина [32:10] Исхраната и видната острина (намирници што се добри за очното здравје) [36:37] Дали гледањето во екран во темна просторија е проблем? Каков контраст е погоден за очите? [38:20] Што се добри услови за читање? [39:54] Дали одблесок на екранот / рефлектирачки екран штети на очите? [42:20] Гурелки во очите – симптом за ... [44:35] Алергиски реакции и очите – како да си помогнам? [46:48] Важноста на прегледите кај офталмолог за навремено откривање на очни аномалии [49:52] Дали физичка активност може да направи штета на очите? [53:32] Колку често треба да се проверува видот? [55:41] Очен притисок – кога да се испита? Корисни линкови: Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook Јосиф Дамјанов на Youtube Јосиф Дамјанов на Instagram Фитнес мобилна апликација FitKit Здрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.