Wellcast with Josif

por Josif Damjanov

11 years ago I've involved myself in the fitness and wellness industry. My father was diagnosed with prostate cancer, later it transferred to the bones and after couple of years he was diagnosed with Alzheimer's disease. That was the reason why I went on a mission for healthier and happier life. This podcast has a goal to inspire people and help them achieve quality of living.

Episodios del podcast

  • Temporada 3

  • Како да превенираш рак

    Како да превенираш рак

    Дали си запознаен(а) со најновите откритија во борбата портив ракот? Во оваа епизода, на гости ми е Синиша, млад научник во сферата на медицината, био медицината и вештачка интелигенција. Разговараме за разликите помеѓу медицина и био медицината, улогата на органоидите, и надежите што ги носи имунотерапијата во лекувањето на оваа болест. Дали со добра исхрана и активен живот може да се превенира рак? Токму на тоа посветивме еден добар дел од разговорот, а дополнително ќе дознаеш и за примената на вештачката интелигенција за подобро разбирање и дијагностицирање. Затоа, не пропуштај ја оваа епизода каде што детално разгледуваме сè од најновите истражувања до практични совети за подобрување на твоето здравје и превенција на рак. Интересни моменти: [00:00] Вовед [07:25] Што е разликата меѓу медицина и био медицина? [09:00] Што се органоиди и како се користат за испитување на рак? [14:09] До каде е процесот за наоѓање на решение за канцер? [19:59] Што е имунотерапија? [22:03] Дали имуниот систем може да ги препознае клетките на ракот? [25:08] Може ли да се користи имунотерапија за секаков вид канцер? [25:55] Постои ли надеж дека со имунотерапијата ќе се дојде до некаков breakthrough кај најзастапените типови на канцер? [29:10] Како се користи вештачката интелигенција за подобро разбирање на метастазите? [33:31] Придобивки на модерното време: како вештачката интелигенција им помага на докторите во дијагностика [35:12] Како начинот на исхрана и активниот живот придонесуваат за превенција на рак? [37:35] Исхрана со прости шеќери и процесирана храна - влијание на канцерот [40:21] Што е тоа што не го сакаат канцер клетките и ги спречува да растат? [43:12] Дали постојат докази што покажуваат дека физичката активност помага при превенција на рак? [44:30] Дали намалувањето на мастите во телото може да помогне да се спречи развивање на тумор? [49:15] Испитување на тумори - клучни пронајдоци [51:10] Што е ДНК метилација? Дали можеш да влијаеш на твоите гени? [53:32] Фанатички пристап кон храна - дали е здрав тој однос? [55:00] Јадење црвено месо и рак [56:35] Тековни проекти и планови на Синиша Корисни линкови: Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Фитнес мобилна апликација FitKit Здрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Повреди, болки и операции - како да го намалиш ризикот?

    Повреди, болки и операции - како да го намалиш ризикот?

    Дали знаеш дека ATG тренинзитe ја намалуваат бoлката во телото? Во оваа епизода разговарам со Бојан Диков, тренер во ATGMacedonia, кој ни ги открива предностите на ATG методот на вежбање и како може со овој метод на вежбање да се намалат болките во телото. За оние што се заинтересирани за слабеење, има и таков дел - како се постигнуваат саканите резултати. Дополнително ќе дознаеш и за многу други предности кои ги нуди овој начин на вежбање. Независно дали си физички активен/на или не, дознај како овие методи на вежбање можат да направат голема разлика во твојот живот! Доколку сакаш атлетски градено тело кое што функционира правилно и без болки, тогаш овој систем за вежбање е за тебе. Интересни моменти: [00:00] Вовед [07:13] Што значи ATG? [10:15] Која е разликата меѓу традиционален тренинг и ATG? [18:57] Решавање на болка и повреда [22:17] Седечка работа, последици и решенија [27:17] Проблем со колената кај луѓе што не се спортисти [30:46] Колку стоечката работа придонесува за болки во зглобовите? [34:10] Кои се секојдневните вежби што треба да се прават? [36:45] Флексибилност, мобилност и сила - што подразбира секое? [42:05] Принцип на работа и програми за вежбање на ATG [44:59] Каков е прогресот на луѓето што вежбаат во ATG? [47:00] Која вежба е безбедна за секој човек? [49:00] Проблеми кај луѓе што сакаат да ослабнат [52:05] ATG тренинг наспроти функционални тренинзи - има ли исти резултати? [55:45] Инспиративни приказни на АTGМacedonia Корисни линкови: Бојан Диков на Instagram ATGMacedonia на Instagram ATGMacedonia веб-сајт Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Суплеменити и лекови: знаеме ли што конзумираме?

    Суплеменити и лекови: знаеме ли што конзумираме?

    Се мислиш да додадеш суплементи во исхраната или веќе ги конзумираш? Не знаеш дали се квалитетни и испитани? Тогаш оваа епизода е за тебе! Зборувам со Катерина Гудева, доктор кој се надоградува во областа на базични и клинички испитувања. Денес таа е со нас да ни каже сè што треба да знаеме за суплементи и лекови. Навлегуваме подетално во влијанието и квалитетот на суплементите, како тие стигаат до полиците, дозирањето, нивните активни состојки и многу друго. Во денешното море на информации што ни го пружаат медиумите тешко е да се знае на кој може да се верува. Затоа со Катерина зборуваме зошто е важно да ги погледнете клиничките студии и ти помагаме да разбереш што значат тие. Ислушај го разговорот, биди во тек со истражувањата и направи го најдоброто за своето тело. Интересни моменти: [00:00] Вовед [01:44] Феникс домовите за стари лица [03:09] Претставување: Што работи Катерина? [09:00] Како да утврдите дали продуктот е добар за вас лекови\суплементи? [13:14] Како да се осигурате дека вашите суплементи се квалитетни? [18:38] Колку суплементите влијаат врз резултатите од клиничките испитувања? [21:43] Прекумерна доза на суплементи [22:53] Дали здравите луѓе треба да користат суплементи? [27:00] Како медиумите ги претставуваат суплементите, а како клиничките студии? [34:08] Што се активни состојки? [38:30] Лековите порано и денес [40:28] Како лековите стигаат до полиците и како ги дознаваат негативните ефекти? [43:48] Новости во медицината за мултиплекс склероза, рак… [49:29] Превенција: почни од себе [52:45] Базични наспроти клинички гранки од медицината Корисни линкови: Катерина Гудева на LinkedIn и Instagram Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Катерина Гудева на LinkedIn, Instagram Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Хотел со дополнителни услуги за стари лица

    Хотел со дополнителни услуги за стари лица

    Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од @feniks_domovizastari. Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа добиваат, какво мени имаат (тука Мето сподели информации што и мене ме изненадија) и како им се исполнуваат деновите. Дополнително,  ќе добиеш совети за бирање на соодветен дом за членот од твоето семејство, како и за дневниот центар што функционира во Феникс и бесплатниот пробен период што го нудат.   Интересни моменти: [00:00] Вовед [07:43] Феникс домовите за стари лица [09:42] Предрасуди за домовите за стари лица [15:53] Домот за стари лица како хотел со дополнителни услуги [20:23] Каков тим работи во Феникс и како се грижат за резидентите [21:38] За цените во домовите за стари лица [24:09] Што да се земе предвид кога се бира дом за стари лица? [26:21] Дали има скриени трошоци во Феникс? [28:43] Каква поддршка нудат Феникс за семејствата на резидентите? [30:12] Со какви активности деновите на резидентите во Феникс се постојано интересни? [33:10] За дневниот центар во Феникс и бесплатниот пробен период [37:36] Совети за случаите кога старото лице дава отпор за преселување во домот [39:51] Улогата на психологот и психијатарот во Феникс [41:52] Иновативни технологии во работењето во Феникс [45:28] Разликата меѓу чување старо лице во домашни услови и во старски дом [49:03] Каква храна се нуди на разидентите на Феникс? [51:55] Визијата за Феникс во иднина     Корисни линкови: Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Фитнес мобилна апликација FitKit Здрава храна Coach Foods   Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

  • Женско здравје: RED-S синдром

    Женско здравје: RED-S синдром

    Девојки и жени – дали сте слушнале за RED-S синдромот? Ако активно или професионално се занимавате со спорт, оваа епизода не смеете да ја пропуштите. Зборуваме за влијанието на циклусот на спортските перформанси, прекин на циклусот при пренапорни тренинзи, последиците од ненавременото третирање на овие проблеми и третманите за надминување на истите. На гости ни е Виолета Николов, специјалист гинеколог во клиниката Жан Митрев. Виолета има мисија да ја подигне свеста за овој проблем во женскиот спорт и активно работи на едукација на жените спортистки и нивните тренери. Затоа дури и ако не сте спортски активни, ислушајте го разговорот за да можете некому да помогнете (со информација) доколку забележите некои од знаците што ги посочуваме во разговорот.   Интересни моменти: [00:00] Вовед [04:04] Спортска гинекологија [06:22] Што е тоа RED-S синдром? [10:01] Симптомите на RED-S синдромот – што е првиот знак? [14:03] Каде да се обратам за дијагностицирање на RED-S синдром? [18:11] Колку тренерите знаат за RED-S синдромот? [20:04] Јапонската пливачка што се охрабри да зборува за влијанието на менструацијата на спортските перформанси [21:27] Прекин на циклус при интензивни тренинзи [26:52] Што може да предизвика дефицит на нутриенти при големи напори? [28:22] Разлики меѓу претренираност и RED-S синдромот [29:30] Начин на справување со RED-S синдромот [31:23] Превенцијата е најдобар лек – секоја спортистка треба да се едуцира [33:42] Најлесни знаци за препознавање на претренираност [35:33] Хормонален дисбаланс и физичка активност [41:15] Бременост и физичка активност [43:29] Физичка активност и остеопороза во менопауза [45:33] Полицистични јајници и физичка активност [47:59] Дали за RED-S синдромот се зборува во образованието? [50:12] Има ли гинеколошки прегледи во спортската медицина? [57:08] Препораки за новите генерации на жени спортисти